Компанијата Алпак-еко во активностите за креирање на подобри услови за селектирање на отпад од пакување, кај своите клиенти има поставено 500 картонски кутии за селектирање на отпадна хартија.

Се потпише договор за соработка  на Алпакеко и Општина Локово за собирање, селекција и транспортирање на отпад од пакување, како и соработка за еколошка едукација на учениците.


Се потпише договор за соработка  на Алпакеко и Општина Чаир за собирање, селекција и транспортирање на отпад од пакување, како и соработка за еколошка едукација на учениците.


Новини


Алпак-Еко ДОО успешно ја заврши 2022 година, и им овозможи на своите клиенти
исполнување на пропишаните национални цели. Со инвестирање во инфраструктура и
опрема за селектирање на отпад од пакување, Алпак-Еко ДОО го разви системот за
управување со отпад од пакување, а со учество во покривање на дел од трошоците за
собирање, го зголемивме собирањето на отпадот од пакување.

 

Инфосесија по однос на примената на Новиот закон за Управување со пакување и отпад од пакување.За повеќе информации контактирајте не на +38975258308.

АКТИВНОСТИ

Во согласност со националната програма за селектирање и рециклирање на отпад од пакување и во согласност со моменталната пандемска состојба, АЛПАКЕКО спроведе активности во неколку училишта и градинки. За време на овие активности беа дистрибуирани средства за дезинфекција и сталаци за истите, корпи за собирање пластични отпадоци, како и промотивни материјали подигање на свеста за собирање, селектирање и рециклирање.

Основна мисија на „АЛПАК-ЕКО“ е на своите клиенти да им обезбеди сигурна и ефективна реализација на законските обврски и воедно да придонесе за подигнување на свеста кај граѓаните за почиста животна средина.

 

С. Батинци

С. Кондово

С. Крушопек

С. Студеничани

О.У. Исмаил Ќемали

О.У. Живко Брајковски

О.У. 25 Мај

Г. Ѕвезди

Г. Снежана

Г. Снежана - џуџинјата

АЛПАКЕКО дистрибуира метални и пластични корпи на своите клиенти и соработници, со цел ефикасно собирање и селектиирање на отпад од пакување.

АЛПАК-ЕКО

„АЛПАК-ЕКО“ д.о.о. Скопје е компанија со основна дејност управување со отпад од пакување според начелото „загадувачот плаќа“ и во согласност со Законот за управување со пакување и отпад од пакување, а со цел да се исполнат националните еколошки цели и владината политика.

Основна мисија на „АЛПАК-ЕКО“ е на своите клиенти да им обезбеди сигурна и ефективна реализација на законските обврски и воедно да придонесе за подигнување на свеста кај граѓаните за почиста животна средина.

ЗА НАС

„АЛПАК-ЕКО“д.о.о. Скопје е основана на 07.02.2018 година и се здоби со Дозвола за постапување со отпад од пакување бр. уп1-11/2-1437/2018 од 19.12.2018 година, издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање.

Основачи на „АЛПАК-ЕКО“ се:
ДАУТИ КОМЕРЦ АД, ГЕМАК-ТРАДЕ ДООЕЛ, ФЛУИДИ-М ДООЕЛ, ЕКОШАР ДОО, ГИПС ИМОБИЛИА ДИЗАЈН ДОО, ХАРБИНИ-КОЗМЕТИКА ДОО, Б.Ф.М КОМПАНИ ДООЕЛ, ЕФТИНИЈА-ИМПЕКС ДОО, ЛИКУКИ ХОМЕ ДООЕЛ, НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО, МЛ-ГАРИ ДОО, ПЛУС КОМПАНИ ДООЕЛ, БЕНТОН-НИ ДООЕЛ, МЕГА-АУТОПАРТС ДООЕЛ, ФРУКТ ИМПОРТ ДООЕЛ, ТЕМПО ПРОФИЛИ 99 ДООЕЛ, РУДИ КОМПАНИ-ИНГ ДООЕЛ.

„АЛПАК-ЕКО“ е компанија што промовира, координира и финансира активности за селективно собирање, сортирање и рециклирање отпад од амбалажа од домаќинствата.

„АЛПАК-ЕКО“ е отворена за соработка со сите компании што имаат законска обврска да воспостават систем за управување на отпадот од амбалажа (производители и увозници на пакувани производи).

0
Реализирани проекти
0
+
Рециклирани количини на амбалажен отпад
0
+
Организирани Кампањи

Основачи

Дејност

„АЛПАК-ЕКО“ д.о.о. Скопје е компанија со основна дејност управување отпад од пакување според начелото „загадувачот плаќа“ и во согласност со Законот за управување со пакување и отпад од пакување, со цел да се исполнат националните еколошки цели и владината политика.

Во согласност со Законот за пакување и отпад од пакување, кој влезе во сила на 1.1.2011 година, сите компании што произведуваат или увезуваат производи спакувани во некаква амбалажа, имаат обврска да организираат систем што ќе го собира, селектира и рециклира нивниот отпад од амбалажа што настанува по консумирање на нивните производи од страна на крајните потрошувачи.

Обврската од членот 17 на овој Закон се однесува само на тој производител, кој годишно на пазарот во Република Македонија пуштил или увезол повеќе од следниве количини и одделни видови пакување:

  • 800 кг стакло,
  • 100 кг пластика,
  • 300 кг хартија, картони
  • 100 кг метал,
  • 100 кг дрво и
  • 100 кг други видови на пакување.

 


 

Документи

  • Лиценци
  • Дозвола за постапување со отпад од пакување бр. уп1-11/2-1437/2018 од 19.12.2018 година, издадена од Министерство за животна средина и за просторно планирање.

Дозвола за колективно постапување со отпад од пакување

  • Закон
  • Подзаконски акти

Закон за управување со пакување и отпад од пакување

Обврски на „АЛПАК-ЕКО“

Да се воспостави систем за управување на отпадот од амбалажа во согласност со принципите за заштита на животната средина и со важечките законски прописи во РМ, како и со меѓународните стандарди.

Собраните парични средства ќе ги даваме на лиценцирани отпади што ќе го одвојуваат комерцијалниот отпад од комуналниот отпад, ќе вршат селекција, собирање, пресување во специјални пакувањa со што ќе биде подготвен за рециклирање или за создавање енергетска вредност. Исто така, ќе организираме едукативни кампањи за да ги запознаеме граѓаните со овој тип отпад, кој ќе треба да се складира во посебно означени контејнери. Ќе соработуваме со сите општини на територијата на РМ со што ќе ја подигнеме свеста кај граѓаните за почиста животна средина.

 

Обврски на клиентите на „АЛПАК-ЕКО“

Според законот, вашата компанија има обврска да доставува месечни извештаи подготвени врз основа на производствените спецификации и извештајот на продажба за тој месец.

Производствени спецификации

  • Информации за количината на генериран отпад од пакување по производ.

Месечни извештаи

  • Информации за вкупните вредности на пуштениот отпад од пакување на пазарот во Македонија за сите производи. Извештајот се доставува до 15 во месецот, за претходниот месец.

Притоа, во случај на ревизија од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, вие одговарате за точноста на доставените податоци до „ АЛПАК-ЕКО “. За детално објаснување како се пополнуваат производните спецификации и месечните извештаи, погледнете го документот на следниот линк:

Преземи во ПДФ

Според законот, од 1.1.2012 година, сите производители и увозници ќе мора на амбалажата да имаат знак за типот на амбалажа – хартија, стакло, пластика, метал, дрво или композитен материјал. Погледнете ги знаците на следниот линк:

Преземи во ПДФ

Главни активности на „АЛПАК-ЕКО“

01.

Промоција

Организирање кампањи со цел да се подигне свеста кај граѓаните за селективно собирање, сортирање и рециклирање отпад од амбалажа. Во соработка со разни невладини организации и државни институции „АЛПАК-ЕКО“ е вклучен во образовни програми за едукација на населението за заштита на животната средина.

02.

Координација

Во соработка со лиценцирани фирми за селектирање и за рециклирање отпад се грижиме да создадеме ефективен систем за собирање, селектирање и за рециклирање на отпадот од амбалажа.

03.

Финансирање

Оперативниот профит е целосно реинвестиран во активности за собирање, сортирање и за рециклирање отпад од амбалажа и за едукација на граѓаните за селектирање на отпадот.

Мисија

Со давање врвни услуги на нашите клиенти настојуваме да им овозможиме да го управуваат својот отпад од амбалажа, да ги исполнат националните цели и на тој начин да ги исполнат своите обврски кон општеството. Со информирање и едукација на сите учесници во системот ја будиме нивната свест за значењето на проблемот и ги мотивираме за спроведување на постапката. Ние сме компанија што знае колку е значајно да се заштити животната средина и колку е неопходно општественоодговорното работење.

Визија

„АЛПАК-ЕКО“ настојува да стане синоним за давање најквалитетни услуги на клиентите во областа за управување со отпад од амбалажа и да ја оправда довербата од Министерството за животна средина и за просторно планирање, кое нѐ овласти за исполнување на националните цели.

Услугите со највисок квалитет и вредности ги обезбедуваме водејќи сметка за потребите на клиентите и на општествената заедница во целина и преземаме обврска брзо и квалитетно да одговориме на сите нивни барања.

Вредности

Се грижиме за своите клиенти, потрошувачи, снабдувачи и соработници. Се занимаваме со заштита на животната средина низ интегрален пристап кон системски поврзаните појави и процеси и сестрано ги разгледуваме можните ефекти во системите.

Проекти

  • Организирање кампањи за подигнување на свеста на граѓаните за селективното собирање, сортирање и рециклирање на амбалажниот отпад.
  • Едукација на децата во предучилишните установи и во основните училишта за значењето на селективното собирање, сортирање и рециклирање на амбалажниот отпад преку креативни работилници и игра.
  • Соработка со разни невладини организации и државни институции за едукација на учениците во средните училишта за заштита на животната средина.
  • Поставување канти и контејнери за селектирање отпад.

Настани

Се потпиша договор за соработка помеѓу Алпак-еко и Општина Гостивар за собирање, селекција и транспортирање на отпад од пакување, како и соработка за еколошка едукација на учениците.

Се потпиша договор за соработка помеѓу Алпак-еко и Општина Арачиново за собирање, селекција и транспортирање на отпад од пакување, како и соработка за еколошка едукација на учениците.

Галерија

Контакт

Адреса

Димитрие Чуповски бр.13,

1000 Скопје

Работно време

Понеделник – Петок
08:00 – 16:00 часот

Телефон

+389 75 25 83 08,

+389 71 78 60 05